Општина Зрновци ја почна реализацијата на најавените инфраструктурни зафати со кои значително ќе го подобри снабдувањето со вода за пиење на жителите од селото Видовиште.
Градежна механизација и работници на ЈКП „Водна кула“ се ангажирани на изградбата на новиот доводен цевковод, на потегот од зафат на Видовишка Река до резервоарот за водоснабдување во должина до 1000 метри.

-Со изградениот зафат од пред 50-тина години жителите се снабдуваа со цевковод со пречник од 50 милиметри. Денеска почнуваме со инсталација на цевковод со пречник од 125 милиметри со што ќе ја зголемиме динамиката и количината на вода за четири до пет пати. Со тоа, овој децениски проблем станува минато, а градежните работи што ги преземаме, предвидуваме да завршат за десетина дена, истакна Борчо Коцев, градоначалник на Зрновци.
По инсталирањето на новиот цевковод во план е да се започне и со изградба на дополнителен резервоар за водоснабдување на жителите од ова населено место.
Претходно Општина Зрновци работеше на проектот за изградба на таложници и втората фаза за каптажа на водат во селото Мородвис, а целта на проектот е да се реши механичкото нарушување на водата за домаќинствата, до кое доаѓа по секој пороен дожд.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.