Општина Зрновци и годинава ќе биде организатор и домаќин на традиционалниот 12. Илинденски турнир во мал фудбал.
Поддршка во организацијата дава и Локалниот совет на млади од Зрновци, а пријавувањето на екипите е во тек и ќе трае до 15 јули.
-Спортот не е само физичка активност, туку и начин на живот, вредност и карактер. Преку спортот ги насочуваме младите кон дисциплина, фер-плеј, заедништво и упорност, далеку од деликвентни однесувања и девијантни појави. Поддржуваме секоја иницијатива која придонесува за развој на спортот на локално ниво, од најмладите до повозрасните категории. Наша обврска е да вложуваме во спортската инфраструктура, да ги охрабруваме младите таленти и да создадеме услови за спортска иднина во нашата општина, истакна градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев.
Натпреварите ќе се играат на повеќенаменското спортско игралиште „Васе Ангелов“ во Зрновци.
За најдобрите три екипи обезбеден е награден фонд од 60 илјади денари, при што првопласираната ќе добие 30 илјади, екипите кои ќе се најдат на второ и трето место ќе добијат по 20, односно 10 илјади денари.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






