Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Општина Зрновци ќе добие капела, техничката документација треба да биде готова до крајот на годинава

автор: Т. Ајтовски
20 септември, 2023
во Регион
време на читање: 2 мин.
A A
Општина Зрновци ќе добие капела, техничката документација треба да биде готова до крајот на годинава

Во рамки на планираните инфраструктурните проекти што во наредниот период треба да се реализираат во општина Зрновци е и изградба на капела со која ќе стопанисува КЈП „Водна кула“. Локалната самоуправа веќе ги презеде почетните активности, при што објави јавен повик за избор на проектант кој ќе ја изработи техничката документација, односно основниот проект што ќе содржи елаборат и ревизија за објектот, а за оваа намена е планирана сума од околу 300 илјади денари.

Капелата ќе биде лоцирана на земјиште во државна сопственост, покрај локалниот пат за Мородвис кај гробиштата во Зрновци. Треба да биде проектирана во согласност со важечките законски одредби, прописи и стандарди за градби од таков тип.

Освен основниот објект, во кој ќе има ладилник со две комори, треба да се планира и простор за кујна со трпезарија, тоалети, магацински простор, трем и просторија за продажба на цвеќе и свеќи.

Поднесувањето на понудите од заинтересираните проектанти е до 26 септември, а рокот за изработка на техничката и проектната документација е 45 дена од доставувањето на писмениот налог од Општина Зрновци до избраниот изведувач.

-По завршувањето на временските рокови согласно законот, очекуваме до крајот на ноември и почетокот на декември документацијата да биде завршена. Ќе се направи и уредување со сервисна улица во должина од 170 метри, што ќе почне идната недела, а се изготвува и проект за бетонски ѕид за оградување на гробиштата, што се реализира по барање од граѓаните, истакна градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев.

Вкупната површина за проектирање изнесува 200 квадратни метри, а објектот треба да е проектиран само за приземје, да се изгради од армирано-бетонска конструкција со термоизолациски метален панел за кровот, прозорците од ПВЦ профили со термопан стакло, а столаријата од дрво. На влезот од капелата треба да се планираат скали, пристапна рампа за лица со потешкотии во движењето, како и пристапен пат со паркинг простор.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: капелаопштина зрновци

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Општина Виница продава 14 парцели за изградба на куќи и една за голем трговски објект, пријавувањето за јавното наддавање е до 14 јули
Регион

Општина Виница продава 14 парцели за изградба на куќи и една за голем трговски објект, пријавувањето за јавното наддавање е до 14 јули

автор: Т. Ајтовски
12 јуни, 2025
0

Општина Виница објави јавен повик за продажба на градежно земјиште во државна сопственост за изградба на објекти за индивидуално домување, како и за комерцијална дејност, а од кои...

прочитај повеќе
Почна изградба на мини акумулација за подобрување на водоснабдувањето на домаќинствата во Мородвис
Регион

Почна изградба на мини акумулација за подобрување на водоснабдувањето на домаќинствата во Мородвис

автор: Т. Ајтовски
2 јуни, 2025
0

Локалната самоуправа на Зрновци го почна проектот за изградба на мини акумулација на Морошка Река, со што ќе овозможи подобрување на водоснабдувањето на домаќинствата во селото Мородвис. За...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јун 14, 2025 - саб
Кочани, MK
22°C
чисто небо
чисто небо
1 m/s, SW
48%
765.82 mmHg
sat06/14 sun06/15 mon06/16 tue06/17 wed06/18
чисто небо
26/19°C
чисто небо
26/17°C
чисто небо
28/18°C
чисто небо
29/19°C
чисто небо
28/20°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?