Со оглед што Локалната самоуправа нема соодветно прифатилиште за овие животни, и во наредната година ќе мора да ги користи услугите на соодветна лиценцирана ветеринарна установа. Исто така, во Програмата е предвидено да се организираат манифестации и јавни настани за подигање на свеста на граѓаните за вдомување и одгледување на бездомните животни.
Годишната програма ќе ја реализира комуналното претпријатие „Водовод“ кое има задача да спроведе постапка за јавна набавка за избор на оператор кој ќе ги извршува услугите.
Доколку на јавниот повик не се јави лиценциран оператор, Општина Кочани се задолжува договорно да ангажира двајца лиценцирани заловувачи, како и фирма што ќе ги транспортира заловените животни до институција во која ќе се изврши третирање на бездомните кучиња.
Т. Ајтовски
{fshare}
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.