Во повикот се наведени усповите што треба да ги исполнуваат кандидатите, а тоа е да бидат спортисти на возраст меѓу 17 и 20 години, да членуваат во спортски клуб или друштво што е регистрано во Агенцијат за млади и спорт или да се членови на национални спортски федерации кои реализираат национални спортски систем на натпревари и учествуваат во меѓународни натпревари за возрасни категории до 20 години. Спортовите во кои се натпреваруваат кандидатите се борење, велосипедизам, гимнастика, карате, кошарка, скијање, тенис, триатлон, фудбал и во шах.
Стипендијата ќе се доделува шест месеци, од април до септември, а средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Кочани за 2018 година.
При доделувањето на стипендијата одредени се повеќе критериуми според кои ќе се врши бодувањето, меѓу кои најважно е учеството и постигнатиот успех на национални и меѓународни натпреварувања.
Пријавувањето за стипендијата трае до 28 март, а документите се поднесуваат во архивата на Општина Кочани, преку едношалтерската канцеларија.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=fFnbnebGka8
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.