По спроведената постапка за јавна набавка, Општина Кочани го продолжува организирањето општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина Кочани.
Превозот на релацијата: Оризари – Усова Чешма, Бавчалук, спој на улицата „Бел камен“ со „Страшo Ербапче“ – Лесна индустрија, ќе го реализира „Тасим компанија“ од Оризари.
Превезувањето се реализира четирипати во текот на денот, од 8 до 16 часот, од понеделник до сабота.
Единечната цена на билет по патник за едно возење изнесува 20 денари, од кои Општина Кочани учествува со 50 отсто, а другите 50 проценти, односно 10 денари, на превозникот му ги плаќа патникот со купување билет за превоз на соодветната релација.
Договорот за организирање општински линиски превоз во Кочани е во износ од 2 милиона денари со времетраење од две години.
Општина Кочани организира јавен градски превоз од декември 2013 година, за што претходно ги изведе потребните инфраструктурни и сообраќајни подготовки.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.