По поднесената апликација за ангажирање 23 пожарникари, Општина Кочани доби согласност од Владата да ангажира 20 лица.
Апликацијата беше поднесена по повикот за активната мерка Јавни работи за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување), што ја објави Владата.
Од Општината информираат дека во наредниот период ќе почне постапката за ангажирање на лицата со распишување јавен повик до невработените лица – активни баратели на работа.
Потребата од дополнителен број пожарникари дојде до израз и на неодамнешниот пожар во Кочани што се случи во месноста Пресечена Скала.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






