Од буџетската сметка на Општина Кочани донирани се средствата во износ од 3 милиони денари, што претходно го одобри Советот на Општината, а се наменети за семејствата на починатите и на повредените лица во несреќата што се случи во Кочани пред еден месец.
– Сакам да ја известам кочанската јавност дека и понатаму на различни начини ќе помагаме за закрепнување на настраданите. Воедно, ќе бараме извештај од Црвен крст за сите собрани донации наменети за семејствата на починатите и повредени лица, сѐ со цел да извршиме увид дали сите средства се соодветно распределени, истакнува в.д. градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски.

Крстевски упатува сочувство до семејството на Стојанче Стефанов, кој почина по едномесечно лекување во Белград, Србија и е 62. жртва во трагедијата на 16 март.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.