Според техничката спецификација во тендерската постапка што се спроведе пред околу два месеца, новоизградените тротоари ќе добијат бехатон плочки на површина од 2.200 метри квадратни. На местата каде што е потребно ќе се вградат нови улични и градинарски рабници, а висински ќе се прилагодуваат и постојните канализациски и телефонски шахти.
Од Секторот за уредување на градежното земјиште на Општина Кочани информираа дека механизацијата на градежното претпријатие „Карпош“ од Скопје е ангажирана на комплетирање на пешачкиот простор на улицата „Љупчо Сантов“. Паралелно се работи и на изградба на тротоар на улицата „АСНОМ“, спроти новиот станбен комплекс во месноста Касарски круг. Со оглед што на овие сообраќајници со децении имаше минимална или воопшто недостасуваше јавно-прометна површина за пешаците, главна цел е да се обезбеди полесно и побезбедно движење на граѓаните, заради што е планирано да се постави и заштитна ограда.
Со Програмата за уредување на тротоари, во наредниот период ќе се работи и на докомлетирање со пешачка површина на улицата „Охридска“, на потегот од повеќенаменското игралиште кон север, како и на дел од улицата „Роза Петрова“.
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.