Со огласот се бара нов корисник на просториите со површина од 290 метри квадратни во Долни Подлог, каде почетната цена е околу 10.800 денари. За просториите во Грдовци, каде на 262 метри квадратни работеше месната заедница почетната цена е 8.800 денари.
Во градот пак, Општина Кочани издава три делови од објекти што се во нејзина сопственсот, од кои два се лоцирани кај градските гробишта. Се работи за простории со корисна површина од 46 и од 102 метри квадратни, при што за првите почетната цена на наддавањето е 6.820, а за вторите 26.410 денари. Исто така, во Кочани се издава и простор од 90 метри квадратно што се наоѓа на улицата “Македонска“. Почетната цена што е определена за лицитацијата е 8.822 денари.
Предметот на понудата е деллив, односно еден понудувач може да поднесе понуда за еден дел на предметот на закуп, односно за еден објект, за два или повеќе објекти или делови на предметот на закуп, или за сите објекти, односно делови на предметот на закуп.
Право на учество имаат домашни и странски правни и физички лица кои ќе уплатат паричен депозит во висина од 2 отсто од вкупмнатѕа проценета вредност на просторот што се нуди од закуп.
Пријавувањето за учество на огласот е до 5 март, а јавното наддавање ќе се одржи една недела подоцна. Пријавите се поднесуваат електронски преку веб страницата www.e-stvari.mk.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=_GjVFrczLmU
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.