Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Општина Кочани определи средства за трошоци за аудиовизуелни медиумски услуги, потребни се критериуми за распределба

автор: Т. Ајтовски
26 февруари, 2025
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Општина Кочани определи средства за трошоци за аудиовизуелни медиумски услуги, потребни се критериуми за распределба

Советот на Општина Кочани даде поддршка на предлогот за измена и дополнување на општинската програма за комуникација, со што за околу една третина се зголемува износот за активности и оперативни и технички трошоци. Се работи за дополнителна сума од 300 илјади денари наменета за трошоци за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

На денешната 59. седница, на која оваа точка се најде на дневен ред, членовите на Советот ја изгласаа измената, со што локалните медиуми треба да добијат средства за покривање на трошоците за следење и информирање за активностите на Локалната самоуправа. Сепак, се јави дилема околу критериумите според кои ќе се направи распределбата и дали таа е потребна токму пред претстојните локални избори.

-Бидејќи јас бев предлагач на ваква точка пред две години, ќе дадам поддршка и ќе ја гласам, но сакам да кажам дека не е во ред кога пред избори се подготвувате да манипулирате со јавноста и сега да ги поткупите медиумите, да им дадете пари. Пред две години предложив за медиумите, кои волонтерски работат тука, да се одвојат пари од буџетот, но во тој период вие не ги прифативте моите предлози, истакна Аки Акиов, член на Советот на Општина Кочани.

-Да не ме разберат погрешно медиумите, јас не мислам дека не треба да имаат извор од кој ќе егзистираат, но мислам дека тоа треба да биде во склад со законот, а не на ваков начин да им се потпикнуваат средства, истакна Жаклина Филипова Свеќароска, член на Советот на Општина Кочани.

-Не е проблем, тука сме да ги поддржиме, само сакаме да знаеме на кој начин. Со измените на законот, на кој начин е дозволено ова, праша Ивица Лазаров, член на Советот на Општина Кочани.

Недоволно јасно објаснување имаше од општинската администрација за начинот на кој ќе се распределуваат средствата, наведувајќи дека ќе се спроведе постапка за јавно наддавање.

-Имаше законска пречка, со членот 102, членовите од претходниот состав на Советот се сеќаваат, повеќепати беше разгледуван, изричито имаше забрана да се трансферираат средства до приватни медиуми во кои ќе се известува за активностите и резултатите на општините. Меѓутоа, тој член е избришан и како пречка веќе не постои за да може да се стави во програмата. Начинот на кој ќе бидат доделени, мислам дека од разговорите што ги водевме, најверојатно ќе биде по пат на јавна набавка. Тогаш ќе можат да учествуваат, ќе има можност за конкуренција на медиумите, за да се пријавуваат и учествуваат. Но, и за ова оставаме можност дополнително да ја информираме јавноста, мислам дека тоа ќе биде начинот, истакна Венцо Бојков, раководител на Oдделението за правни и општи работи во Општина Кочани.

Ставот на советниците беше дека треба да се утврдат подобри критериуми за распределба, со оглед што медиумите се им се потребни и на Општината и на Советот, но многу повеќе на граѓаните.

-Сакам на оваа тема да се пристапи постудиозно и посериозно, евентуално на некоја наредна седница да разговараме за поголема сума и за начинот на распределба, да биде транспарентен, да има за сите. За таа сума непотребно е  да дигаме галама, кога 300 илјади денари се 25 илјади денари месечно, тоа не е ни минимална бруто плата. Да има посериозен пристап, на некоја наредна седница од општината да ни боиде дадено како можеме посериозно да пристапиме кон оваа проблематика, истакна Венко Крстевски, член на Советот на Општина Кочани.

По дискусиите за оваа точка, поддршка дадоа 14 советници, а еден беше воздржан.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: општина кочанисовет на општина кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Почна реконструкцијата на Одделот за физикална медицина и рехабилитација во Општата болница – Кочани
Кочани

Почна реконструкцијата на Одделот за физикална медицина и рехабилитација во Општата болница – Кочани

автор: Т. Ајтовски
13 јуни, 2025
0

На Одделот за физикална медицина и рехабилитација во Општата болница со проширена дејност во Кочани денеска почнаа градежните работи за реконструкција, со што ќе се обезбедат подобри услови...

прочитај повеќе
Родителите на загинатите во пожарот во „Пулс“ почнаа да даваат искази во Јавното обвинителство во Кочани
Кочани

Обвинителен акт против 34 лица и три правни субјекти поднесе Обвинителството за пожарот во „Пулс“

автор: Администратор
13 јуни, 2025
0

Обвинителскиот тим кој беше ангажиран во истрагата на пожарот во „Пулс“ го анализирал целокупниот прибран доказен материјал и денеска до Основниот суд во Кочани поднесе Обвинителен акт против...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јун 14, 2025 - саб
Кочани, MK
24°C
чисто небо
чисто небо
2 m/s, SW
43%
765.82 mmHg
sat06/14 sun06/15 mon06/16 tue06/17 wed06/18
чисто небо
26/19°C
чисто небо
26/17°C
чисто небо
28/18°C
чисто небо
29/19°C
чисто небо
28/20°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?