– Моменталната загаденост, односно тоа што го имам како информација, а добивам секојдневни информации, просечната дневна загаденост е 63 микрограми на кубен метар воздух, што е далеку од горната граница што е поставена од 200 мигрограми на метар кубен, кога и се препорачуваат мерки. Ние будно го следиме ова, меѓутоа се со цел да имаме вистинска слика на загадувањето, колку навистина Кочани е загаден, ние оваа година со буџетот предвидовме посебна програма за животна средина каде што предвидовме средства за да направиме испитувања, повеќекратни испитувања и на различни локации, се со цел да добиеме навистина правилна слика колку, како и од што е загаден воздухот во општина Кочани. Значи, предвидени се средства за првпат во една таква програма, за една таква акција, се со цел да добиеме една правилна слика и да знаеме какви мерки треба да преземеме за да го решиме и овие проблеми кои ги мачат граѓаните на општина Кочани, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.
Наменските испитувања на квалитетот на воздухот ќе ги прави специјализирана институција што дополнително ќе биде избрана, а која ќе има обврска да изработи и писмен извештај со сите параметри и резултати што се добиени со мерењата.
Најголеми концентрации на штетни честички и на јаглерод диоксид во воздухот во Кочани и околината беа регистрирани во октомври и ноември. Проценка е дека една од главните причини е палењето на стрништата, што земјоделците редовно го прават по завршувањето на жетвата на оризот.
Т. Ајтовски
{fshare}
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.