Истото може да го направат преку информацискиот центар е-урбанизам или во писмена форма преку архивата на Општина Кочани
Како што е нагласено во јавниот повик, предмет на иницијативата може да биде донесување комплетно нов или пак дополнување и измена на веќе постоечки урбанистички план. За доставените иницијативи сите подносители ќе бидат поодделно известени преку електронскиот информационен систем или во писмена форма.
Доколку некоја од инцијативите од граѓаните или од правните лица се прифати, тогаш средствата за изготвување на потребната документација треба да ги обезбедат самите подносител.
Јавниот повик ќе трае најмалку 30 дена односно, од 31 август до 30 септември.
И. Матеничарски
{fshare}
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.





