Ние, како Локална самоуправа, во рамки на нашите надлежности и во соработка со сите, многубројни фактори на локално ниво можеме да придонесеме за подобрување на оваа компонента, односно да придонесеме за подобро разбирање, подобар соживот и подобра родова еднаквост, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.
Секој потписник на Европската повелба за рамноправност на жените и на мажите развива, усвојува, а потоа и применува акциски план за рамноправност.
Кочани е 15-тата општина во Република Македонија, потписничка на оваа Повелба, која се обврзува да го почитува принципот на родова еднаквост и да преземе неопходни мерки за да постигне вистинска еднаквост во пракса, како клучзаекономскиисоцијаленуспех.
Потпишувањето на Повелбата е со поддршка од ЗЕЛС и од Проектот за промоција на родово одговорни политики и буџети што се реализира во Општина Кочани преку Канцеларијата на UN Women во Македонија.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=3a-jwo4conU
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.