Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Општина Кочани ќе вложи 2,5 милиони денари за чистење канали и изградба на земјени патишта во Цацков Бунар и Мал Орман

автор: Т. Ајтовски
14 јуни, 2023
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Општина Кочани ќе вложи 2,5 милиони денари за чистење канали и изградба на земјени патишта во Цацков Бунар и Мал Орман

Општина Кочани почнува постапка за реализација на неколку инфраструктурни зафати со кои ќе се подобруваат условите за земјоделските производители и за другите граѓани. Се работи за чистење одводни канали, прочистување на Оризарска Река, како и за пробивање земјен пат во месноста Цацков Бунар кај Тркање и порамнување и тампонирање на полски пат во локалитетот Мал Орман во атарот на Оризари.

Веќе е објавен јавен повик за избор на изведувач на работите, а се планира за комплетирање на инфраструктурните активности да се инвестираат над 2,5 милиони денари. Средствата се обезбедени од општинскиот буџет, во рамки на Програмата за заштита на животната средина и природата во 2023 година, за која претходно беше добиена и согласност од Советот на Општината. Набавката е сукцесивна и треба да се реализира во период од три месеци.

Според техничката спецификација, со механизација и рачно треба да се исчистат одводни канали во Горни Подлог во вкупна должина од 1.200 метри, при што да се отстранат наносите од земја, трева и трска. Ќе се работи и на прочистување на коритото на Оризарска Река од дрвја, грмушки и отпаден материјал, а потоа ќе се изведе машинско порамнување со грејдер.

Со интервенцијата во локалитетот Цацков Бунар, ќе се пробие и тампонира пат што ќе овозможи пристап до стопанските објекти во околината на компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“, како и до земјоделските површини во тој дел на атарот на Тркање. Треба да се пробие и тампонира коловоз во должина од 425 метри и ширина од четири метри. Исто така, ќе се отстранат постојните и ќе се постават нови цевкасти пропусти за вода, со пречник од 800 милиметри и должина од 21 метар.

Во локалитетот Мал Орман во атарот на Оризари пак, ќе се работи на порамнување и тампонирање на полски пат од месноста Пруга кон земјоделските површини. Вкупната должина на делницата е 300 метри, а ширината 3 метри.

Пријавувањето на заинтересираните изведувачи на градежните работи е до 29 јуни, а по изборот на најповолниот понудувач, реализацијата треба да почне во текот на летниот период.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: горни подлогоризарска рекаполски патишта

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

„Марш за ангелите“ во Кочани: „Системот убива – институциите молчат“
Кочани

„Марш за ангелите“ во Кочани: „Системот убива – институциите молчат“

автор: Т. Ајтовски
17 мај, 2025
0

„Системот убива – институциите молчат“ беше мотото на денешниот, шести протестен „Марш за ангелите“ во Кочани што го организираа семејствата на починатите во пожарот во клубот „Пулс“. Токму...

прочитај повеќе
Словенечките Ротари клубови од Целје и Љубљана ќе обезбедат долгорочна поддршка за намалување на последиците од трагичниот пожар во Кочани
Кочани

Словенечките Ротари клубови од Целје и Љубљана ќе обезбедат долгорочна поддршка за намалување на последиците од трагичниот пожар во Кочани

автор: Т. Ајтовски
17 мај, 2025
0

Ротари клубот Кочани-Виница потпиша договор за соработка со партнерските Ротари клубови од Целје и Љубљана во Република Словенија, со што тие ќе обезбедат долгорочна поддршка за намалување на...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мај 18, 2025 - нед
Кочани, MK
12°C
чисто небо
чисто небо
1 m/s, NE
78%
765.82 mmHg
mon05/19 tue05/20 wed05/21 thu05/22 fri05/23
чисто небо
22/11°C
чисто небо
22/11°C
облачно
23/14°C
неколку облаци
22/14°C
одвоени облаци
24/15°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?