Општина Кочани склучи договор со ДООЕЛ ЕСМ Продажба од Скопје за едногодишно снабдување со електрична енергија. Неговата понуда била одбрана како најповолна на јавниот повик за снабдувач, на кој се пријавиле четири понудувачи.
Сумата што Локалната самоуправа ќе ја плати од сопствениот буџет, според договорот, изнесува 360 илјди евра или нешто повеќе од 22 милиони денари во нето износ, односно без обврските за ДДВ. Се работи за трошок што е на истото ниво како минатогодишната сума за истата намена.
Пресметките што претходно беа направени, а базирани на потрошувачката во текот на минатата година, покажуваат дека за наредниот 12-месечен период се планира дека ќе бидат потребни околу 970 мегават часови електрична енергија во скапата и евтината тарифа.
Од буџетот на Општина Кочани за струја се плаќа за околу 120 електрични броила за улично осветлување и за јавни простории, меѓу кои покрај општинската зграда влегуваат и објектите на противпожарната единица, спортските сали, градскиот стадион, етно куќата и други простории со помала површина.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.