Канал 8 ТВ
No Result
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО ВЕСТИ
  • МАРКЕТИНГ
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО ВЕСТИ
  • МАРКЕТИНГ
  • ВО ЖИВО
No Result
View All Result
Канал 8 ТВ
No Result
View All Result

Организацијата на потрошувачи – Кочани го претстави проектот за фер однос кон потрошувачите

Од Т. Ајтовски
4 мај, 2018
во Некатегоризирано
Време на читање:1 мин.
A A

– Сертифицирање на компаниите кои имаат фер односи со потрошувачот;

– Да се подигне свеста за задоволување и интересите на потрошувачите ида се унапреди односот на компаниите со клиентите.

Фирмите кои што ги исполнуваат критериумите поврзани со фер практики кон потрошувачите и животната средина ќе имаат можност да се стекнат со сертификатот „Фер со потрошувачот“, сертификат кој што носи придобивки за претпријатијата.

– Асоцијација „Зенит“ заедно со Организација на потрошувачи на Македонија и со здружение на бизнис консултанти „Креација“ имплементираа проект финансиран од ЕУ чија што цел е да се решат два проблема кои што постојат во Македонија. Првиот проблем кој што настојуваме да го надминеме е зависноста на граѓанските организации од финансирање од странски извори на средства и нивното непостоење на соработка и активност на поврзување со деловната заедница. Од друга страна, настојуваме да го решиме проблемот со недовербата на потрошувачите во сулугите што ги нудат локалните компании и проблемите кои што се јавуваат во однос на постоење на голем број на поплаки од потрошувачите за производите и услугите што ги добиваат. Проектот настојува да развие еден сертификат за фер однос кон потрошувачот кој што го добиваат македонбските претпријатија а ќе биде издаван од граѓански организации врз основа на критериуми што треба да ги исполнат компаниите. Сертификатот ќе има за цел да влее доверба на домашните потрошувачи дека компаниите кои што го имаат тој сертификат стопанисуваат според сите правила за фер однос кон потрошувалите и дека доколку се јави некаков проблем со производот и услугата дека ќе можат да го решат на лесен и едноставен начин, рече Александар Николов, директор на Асоцијација „Зенит“ Скопје.

Сертификатот се заснова на меѓународни критериуми за фер однос кон потрошувачите и како искуство е преземен од Словенија каде што постои ваква сертификација на претпријатија. Проектот се имплементира заедно со уште 11 Организации на потрошувачи меѓу кои и Организација на потрошувцачи Кочани чија што цел е да идентификуваат компании на локално ниво кои што се заинтересирани за стекнување на таквиот сертификат и по верификација на критериумите да го извршат доделувањето на сертификатот.

– Ние како Организација за заштита на потрошувачи Кочани во нашето 15 годишно постоење соработуваме со бизнос секторот што значи дека досега целокупната наша работа во истражувањето на работата на фирмите и за подобри производи за потрошувачите одлучивме да го презентираме овој проект. Преку оваа активност претставуваме проект што ќе развие иновативен модел за соработка на граѓанските организации со деловниот сектор, преку давање услуги за сертифицирање на претпријатијата за фер практики кои потрошувачите ги вклучува и влијанието на производите врз животната средина, рече Виолета Зашева , претседател на Организација на потрошувачи Кочани.

Во рамки на проектот предвидени се активности за промовирање на компаниите кои што ќе го добијат овој сертификат за да можат потрошувачите да бидат запознаени кои се тие компании да би можеле безгрижно да купуваат производи. Организацијата на потрошувачи Кочани ќе треба да го истражи локалниот пазар, да ги идентификува компаниите кои ќе бидат заинтересирани за добивање на сертификатот и да извршат промоција пред потрошувачите и пред деловната заедница во Кочани.

Во моментот е во тек на спроведување анкета преку која се идентификуваат заинтересираните компании и наскоро ќе се започне со сертификација. Преку проектот финансиран од ЕУ 30 компании овој сертификат ќе го добијат бесплатно, а во иднина другите бзаинтересирани компании ќе треба да издвојат одредени средства за да се стекнат со ваквиот сертификат. Инаку, според информациите од Организацијата на потрошувачи во Кочани постои солиден интерес од страна на компаниите да се стекнат со овој сертификат.

Т. Велкова

 

{fshare}

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

https://www.youtube.com/watch?v=wUHqO-ni-0s

{backbutton}

©2023 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Сподели30Tweet19

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Почна жетвата на оризот и во атарите на Тркање и Чифлик
Регион

Почна жетвата на оризот и во атарите на Тркање и Чифлик

Од Т. Ајтовски
23 септември, 2023
0

По минатонеделните први класје собрани во атарот на Зрновци, денеска жетвата на оризот почна и на полињата во Тркање и Чифлик. Земјоделската механизација веќе го собра родот на...

Прочитај повеќе
Ротари клубот Кочани – Виница мапираше 60 километри велосипедски патеки во регионот
Кочани

Ротари клубот Кочани – Виница мапираше 60 километри велосипедски патеки во регионот

Од Т. Ајтовски
23 септември, 2023
0

Ротари клубот Кочани – Виница го промовираше проектот „Авантури на две тркала – по патот на комарците“, чија цел е промоција на велосипедизмот, културно-историските, природните и другите обележја...

Прочитај повеќе
Sep 24, 2023 - Sun
Кочани, MK
29°C
13 km/h, SSE
36%
758.31 mmHg
НЕД09/24 ПОН09/25 ВТО09/26 СРЕ09/27 ЧЕТ09/28
-/24°C
26/18°C
28/16°C
25/16°C
27/16°C
EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица.
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО ВЕСТИ
  • МАРКЕТИНГ
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2023 Канал 8 Телевизија - Сите права задржани. Изработка stiv.mk

No Result
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО ВЕСТИ
  • МАРКЕТИНГ
  • ВО ЖИВО

© 2023 Канал 8 Телевизија - Сите права задржани. Изработка stiv.mk

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?