Со црковно-народен собир денеска беше осветен манастирот Пресвета Богородица на локалитетот Добра Вода кај Оризари. Со осветувањето на црковниот храм чиноначалствуваше митрополитот брегалнички Иларион, а во придружба на повеќе свештенослужители одржа и Света литургија.
Митрополитот Иларион истакна дека секоја година како празник ќе се одбележува во првата недела од ноември, а со фрескоживописот и иконостатсот манастирот доби канонска и богослужбена целина.
-Нека е честита и благословена оваа радост духовна. Го осветивме храмот, а на ова место и претходно постоше храм , но веќе се изгради и нов, со нов фрескоживопис и иконостас. Се подигна дом божји, каде што народот божји ќе доаѓа и ќе се моли на Бога, ќе принесува дарови, ќе искажува молења и Господ Бог, кој што е еден и мислостив, ќе подели многу здравје на оние коишто бараат од него. Се договоривме со управата и парохискиот свештеник од денес понатаму овој ден да биде втора манастрирска слава, каде што народот ќе се собира во мноштво да го слави Бога. Нека е честито, благословено и за многу години, истакна минитроплитот брегалнички Иларион.
Домаќинот на манастирот, Стефан Смилков изрази благодарност што објектот конечно е реновиран и осветен.
-Денеска, се собравме на ова свето место за осветување на манстирот. Тој е целосно реновиран, односно со фрески, иконостас и слично. Давам голема благодарност до митрополитот Иларион, што го изврши осветувањето на манастирот. Голема благодарност упатувам до нашиот сограѓанин Баже од Оризари кој даде поголем дел од средствата, но и до сите коишто помогнаа во текот на реставрацијата на манастирот. Задоволен сум и од посетеноста од страна на верниците. Сега во маснстирот се е ново иконостасот, фреските, а имаме и фрески донесено од Бигорскиот манастир. На манстирот му недостасуваат уште многу работи, а за пролет планираме да почнеме да ја градиме и кујната, истакна Смилков.
На верниците им беше послужен и манастирски ручек, а за музичкиот дел се погрижија окестарот ,,Мелем” и ФА „Љупчо Сантов“ од Оризари.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.