Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Осветен манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ и иселеничка средба во Блатец

автор: Т. Ајтовски
30 јули, 2023 12:36
во Регион
време на читање: 3 мин.
A A
Осветен манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ и иселеничка средба во Блатец

Голем црковно-народен собир се одржа денеска во Блатец, на кој беше осветен манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“. Осветувањето на црковниот храм, чија изградба траеше повеќе години, го изврши митрополитот брегалнички Иларион во сослужение на свештеници од парохијата.

На светиот чин присуствуваа голем број верници од Блатец, Виница, но и од соседните општини, како и блатчани кои живеат во други градови и држави.

-Завршувањето на изградбата и осветувањето е голем чин за селото , но и за нас кои вложувавме големи напори сите овие години. На почетокот овде беше обичен извор, кладенец, со тек на времето се градеше, доградуваше и сега е завршен, со фасада, настрешница, внатре има насликано фрески и сѐ што е потребно. Во разговор со владиката Иларион одлучивме на денешниот ден да го осветиме, истакна Јордан Костадинов, претседател на Црковниот одбор на црквата „Свети пророк Илија“ од Блатец.

Сместен на одлична локација, на падините на Плачковица, манастирот заедно со неговата околина нуди можности за одмор, а тоа беше искористено и за организирање на иселеничка средба на жителите од овој крај, кои повеќе години живеат и работат во странство.

-Минатата година оваа средба на печалбарите се одржа за првпат, а еве сега ја повторуваме и сакаме да стане традиционална. Голем број од присутните овде донираа и своја помош за изградба на манастирот, затоа што „каменот си тежи на местото“, а тие се тука родени, крстени, венчани и не дај Боже за други околности. Водата што извира овде народот ја смета за лековита и ја користи за проблеми со очите, се мијат со неа, а има луѓе кои се враќаат пак, затоа што велат дека „си го нашле чарето“. Овде се одржа и ловечка средба, а за секој викенд има многу посетители. Малку е проблем пристапот со патот, како и електричната енергија, имаме ветувања од Општина Виница дека ќе се среди, па очекуваме да биде и тоа, додава Костадинов.

-Со Божји благослов, на денешниот ден се собравме овде, бидејќи привршивме со подготовките за осветување на манастирот, решивме да го поканиме надлежниот архиереј Иларион да го изврши осветот и заедно да се направи собирот со иселениците. Сметавме дека најголем број од луѓето во дијаспората во овој период се во родниот крај, затоа одлучивме да се соберат и на молитва и на осветувањето, истакна Орце Пешов, свештеник од Блатец.

Собирот на иселениците од Блатец и околните населени места во Виничко ќе пресрасне во традиционален, со намера да се одржува на верскиот празник посветен на Св. вмч. Марина.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: блатецманастир „рождество на пресвета богородица“

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Нов командир на Полициската станица ќе избира Советот на Општина Виница
Регион

Измамен виничанец му платил 7 илјади евра на лажен доктор за лекување на ќерката

автор: Администратор
9 јануари, 2026 11:03
0

Лице кое лажно се претставило како лекар успеало да измами повозрасен жител на Виница и да му земе околу 7 илјади евра во денарска противвредност, како надомест за...

прочитај повеќе
Божикни културни настани организираа Домот на културата и библиотеката во Виница
Култура

Божикни културни настани организираа Домот на културата и библиотеката во Виница

автор: Т. Ајтовски
5 јануари, 2026 21:14
0

Прогласување на најдобрите творби и доделување на наградите од литературно-ликовниот конкурс „Божикна магија“ и Божикен концерт на учениците од Школата за гитара организираа Домот на културата „Тошо Арсов“...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јан 18, 2026 - нед
Кочани, MK
0°C
неколку облаци
неколку облаци
2 m/s, ENE
71%
773.32 mmHg
sun01/18 mon01/19 tue01/20 wed01/21 thu01/22
неколку облаци
4/0°C
чисто небо
4/-1°C
чисто небо
4/-1°C
облачно
6/1°C
облачно
6/2°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?