Во делот на развојот на туризмот, Илијев посебно го потенцираше капацитетот на Пониква, но и на Царев Врв како главен планински центар во иднина.
– Еден од главните проекти кој пред сите нас градоначалници од Истокот стои, а веројатно таму лежи и иднината и развојот на зимскиот туризам. Сегашната база што е направена на Пониква треба да остане, но скијачките терени да бидат преместени на Царев Врв. За таа работа има направено цела студија што понатаму ние ја користиме во изработка, односно се трудиме, во постапка сме да најдеме инвеститор кој ќе инвестира конкретен проект за изградба на нов ски-центар што ќе биде добра алтернатива, не само за Македонијам, туку и за поширокиот регион, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.
Градоначалникот потенцира дека во изминатиот период имало интензивна домашна и меѓународна соработка, а главна цел е да се подобрат состојбите во културата, социјалата, здравството, во патната инфраструктура и да продолжат започнатите капитални проекти. Општината очекува финансиска поддршка од Владата за проектот за изградба на нова детска градинка во населбата Драчевик и за одобрување средства за почнување градбата на браната Речани.
На крајот од оценката за првите сто дена, Илијев смета дека и покрај наследените непријатни финансиски околности, долгови по различни основи, нерационално, прекумерно трошење на крајот на претходниот мандат, со чесно и одговорно работење, ќе дојдат добри резулати што се од интерес на заедницата.
T. Aјтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=aBK06-2vrrg
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.