Под мотото „Вози одговорно, честит 8 Март“ претставници од Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, Полициската станица, Општина Кочани и ученици од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ денеска спроведоа сообраќајна акција на улиците во градот.
Честитајќи им го Меѓународниот ден на жената на сите припаднички на понежниот пол, кои како возачи или пешаци се вклучени во сообраќајот, полициските службеници и учениците укажуваа дека треба да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Исто така, учениците делеа флаери со пораки за подигање на јавната свест за безбедност во сообраќајот, како и свежо цвеќе. Ваквиот гест пријатно ги изненади сите учеснички во сообраќајот, измамувајќи им весели насмевки.


©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.