Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

„Осогово“ ги почна подготовките за првенството во Втората фудбалска лига

автор: Т. Ајтовски
8 јули, 2023
во Спорт
време на читање: 2 мин.
A A
„Осогово“ ги почна подготовките за првенството во Втората фудбалска лига

На околу еден месец пред почетокот на првенството во Втората фудбалска лига, екипата на „Осогово“ ги почна подготовките за настап во повисок ранг на натпреварување.

На прозивката и првиот тренинг што попладнево го одржа шефот на стручниот штаб, Ефтим Аксентиев се јавија 18 фудбалери, но во наредниот период се очекува екипата да се засили со уште неколку играчи.

-Подготовките целосно ќе ги реализираме на стадионот „Никола Мантов“, планирани се и неколку пријателски натпревари, а првата средба е закажана на 23 јули, во Кочани, а следната на 29 јули во Пехчево со второлигаш од Крушевац. Термините за другите средби дополнително ќе ги објавиме. Од играчкиот кадар имаме двајца повратници од „Слога“ и „Беласица“, преговараме со уште два-тројца искусни играчи, но нема да брзаме, затоа што сакаме целиот товар да биде на нивна страна. Првенството стартува на 12 август, што значи дека имаме доволно време за добро да се подготвиме физички и да го дочекаме стартот во Втората лига, истакна Аксентиев.

Управниот одбор на „Осогово“ е пред голем предизвик да ги обезбеди потребните услови за натпреварувањето, како и неопходните финансии за покривање на трошоците, со оглед што учеството во второлигашкото друштво чини многу повеќе од претходната сезона во Третата лига.

-Од организациски аспект можеме да кажеме дека клубот подготвено ќе ги дочека предизвиците што ги носи Втората лига. Поразговаравме со Локалната самоуправа, со приватниот сектор и неколку други спонзори и се надеваме дека финансиската конструкција што ќе биде потребна, ќе ја заокружиме во целост, истакна Перо Георгиевски, претседател на Управниот одбор на „Осогово“.

Котизацијата за учество во Втората фудбалска лига изнесува 20 илјади евра, а покрај тоа клубовите треба да имаат професионално ангажирано најмалку двајца играчи, за кои ќе се покрива минималната плата заедно со придонесите за здравствено и пензиско осигурување, како и другите давачки.

Неопходни се и подобрувања на условите на стадионот „Никола Мантов“, за што се најавува реконструкција на дел од подтрибинскиот простор со соблекувалните и тоалетите, како и уредување на игралиштето, со редовно одржување на теренот и отстранување на дрвјата и грмушките покрај оградниот ѕид.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: втора фудбалска лигафк осоговофудбал

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Младинците на „Победа“ од Прилеп се победници на 19. Меморијален фудбалски турнир „Драганица куп“
Спорт

Младинците на „Победа“ од Прилеп се победници на 19. Меморијален фудбалски турнир „Драганица куп“

автор: Т. Ајтовски
1 јуни, 2025
0

Младинската екипа на ФК „Победа“' од Прилеп е победник на 19. Меморијален фудбалски турнир “Драганица куп“ што се одржа денеска во Кочани, а чиј организатор е ФК „Осогово“....

прочитај повеќе
Екипата на „Фудбал старс“ од генерацијата 2010/2011 е шампион во Регионалната југоисточна лига
Спорт

Екипата на „Фудбал старс“ од генерацијата 2010/2011 е шампион во Регионалната југоисточна лига

автор: Т. Ајтовски
25 мај, 2025
0

На едно коло пред крајот на првенството во Регионалната југоисточна лига, фудбалерите на „Фудбал старс“ од генерацијата 2010/2011, односно во конкуренција на петлиња и помлади петлиња го обезбедија...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јун 14, 2025 - саб
Кочани, MK
24°C
чисто небо
чисто небо
2 m/s, SW
43%
765.82 mmHg
sat06/14 sun06/15 mon06/16 tue06/17 wed06/18
чисто небо
26/19°C
чисто небо
26/17°C
чисто небо
28/18°C
чисто небо
29/19°C
чисто небо
28/20°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?