“Осогово“ можеше многу лесно да дојде во водство и многу порано, но контранападот во формација “три на еден“ не беше искористем, откако противничкиот голман Ников го одбрани ударот нс домашниоот играч Слаѓан Митевски.
Тренерот Крсте Крстев во 60. минута од мечот се реши да го промени комплетниот тим, па на терен влегоа нови 11 фудбалери. Иако темпото на игра падна, сепак нашата екипа многу лесно можеше да дојде до 2:0. Најпрвин Чичевски од слободен удар ја погоди пречката од голот, а неколку минути подоцна Ангеловски убаво биеше од дваесетина метри, но неговиот удар заврши неколку сантиметри покрај стативата.
Иако е прв контролен натпревар, сепак радува фактот што во екипата владее работна атмосфера, а доказ за тоа е и резултатот, ако се земе предвид дека “Кожуф“ го дели третото место на табелата, има 25 бода, односно 17 повеќе од нашиот клуб
Следниот пријателски контролен меч за ФК “Осогово“ е веќе в среда, кога екипата ќе госува во Прилеп на натрпевар против прволигашот “Победа“.
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=JZDxT-OMCSY&feature=youtu.be
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.