Во првото коло од првенството на Втората фудбалска лига „Осогово“ на домашен терен се сретна со екипата на „Беса 1976“ и претрпе убедлив пораз од 4:0.
Најдобар показател за слабата игра на жолто-сините беше податокот дека за деведесет минути тие упатија само еден удар кон голот Тофиловски што заврши покрај дирекот.
Гостите поведоа во првото полувреме кога, по нафрлената топка од корнер во петерецот на домаќините, најдобро се снајде Зани Назифи и со удар со глава ја погоди мрежата. До крајот на полувремето беше упатен уште еден прецизен удар кон голот на домашният тим, а Фитон Адеми беше стрелец на вториот гол за „Беса“, по што се отиде на пауза.
Останатите два погодока паднаа во финишот на натпреварот, а стрелец и на двата гола беше Хамза Меметриза.
На „жетварите“ им претстои голема работа на тренинзите доколку сакаат да ги исполнат ветувањата дадени за време на подготовките дека „Осогово“ ќе се бори за средината на табелата. Во следното, второ коло од есенската полусезона „Осогово“ му гостува на „Тетекс“.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.