Екипата на „Осогово“ доживеа убедлив пораз од тимот на „Тетекс“ во бараж натпреварот за влез во Втората лига. Средбата што се играше на стадионот „Борис Трајковски“ во скопската населба Маџари заврши со резултат 6:1 за тетовчани.
Немоќта да се изборат за поволен резултат жолто-сините ја покажаа уште во првото полувреме, кога за 15 минути му дозволија на противникот да поведе со 2:0. До крајот примија уште четири, а постигнаа само еден погодок.
На другите два бараж натпревари „Башкими“ со 3:0 го совлада „Влазерими“, а по нерешениот резултат од 1:1 во регуларниот дел, на средбата меѓу „Вардар“ од Неготино и „Новаци“ се изведуваа пенали. Поуспешни беа неготинци и обезбедија пласман во второлигашкото друштво.

Останува „Осогово“ и поразените „Влазерими“ и „Новаци“ да ја чекаат ждрепката за да дознаат кои две екипи од нив ќе се пласираат во Втората лига.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.