ФК „Осогово“ од идната сезона ќе се натпреварува во Втората фудбалска лига. Така одлучи ждрепката што денеска се влечеше во Фудбалската федерација на Македонија.
Претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз – Кочани, Александар Андов, при извлекувањето на имињата на екипите кои беа поразени во бараж натпреварите, го извлече редниот број 2 за кочанскиот фудбалски клуб. Со тоа шампионот од Третата фудбалска лига – исток, заедно со „Новаци“ од Западниот регион, ќе биде член на Втората фудбалска лига во новата сезона.
Кочанските фудбалери во текот на целото првенство во третолигашкото друштво беа на првото место, меѓутоа во бараж натпреварот против „Тетекс“ беа поразени со 6:1. Сепак, ждрепката одлучи Кочани од идната сезона да има фудбалски второлигаш.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.