На повеќенаменското спопртско игралиште „Васе Ангелов“ во Зрновци попладнево почнаа Илинденските спортски игри. Турнирот во мал фудбал го отворија екипите на „Фабијан“ и „Бока Јуниорс“, а потоа се сретнаа „Ривер Плата“ и „Тркање“. Во третиот натпревар на првиот ден од игрите силите ги одметија екипите на „Прибачево“ и „Оризари“.
Според распоредот на турнирот, планирано е да се играат по три натпревари дневно.
-Денеска ги отвараме десеттите по ред традиционални спортски игри во Зрновци. Од страна на Општината обезбедени се награди за трите победнички екипи. Издвоени се средства од висина на 30, 20 и 10 илјади денари. Посакуваме фер плеј игра и понатаму да продолжиме да го негуваме спортот, истакна градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев.
На турнирот учествуваат 10 екипи, а финалниот натпревар на турнирот е закажан за 31 јули.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.