Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Отворен е Центар за солидарност „Сакам живот во Кочани” лоциран во централното градско подрачје

автор: Т. Ајтовски
4 август, 2025 19:14
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Отворен е Центар за солидарност „Сакам живот во Кочани” лоциран во централното градско подрачје

Граѓаните, граѓанските активисти и здруженија од Кочани од денеска имаат простор во рамки на Центарот за солидарност „Сакам живот во Кочани“, во кој ќе можат заеднички да се координираат и дејствуваат.

Просторот на улицата „Маршал Тито“, во некогашната продавница за чевли „Борово“, симболично треба да ги поврзе сите кои сакаат да дадат свој придонес за иднината на градот. На отворањето беше речено дека во колективната меморија има врежано и добри и лоши периоди, но никогаш не се памети слична трагедија како што се случи во март годинава.

Носител на идејата за отворање на Центарот е граѓанското здружение „Воскресение 2017“ од Кочани, а главен мотив е да се покаже солидарност, да им се подаде рака на сите засегнати и да се унапредува соживотот во иднина.

-Кочани има над 5.000 деца под 18 години на кои треба да им креираме услови за живот, кои на кои треба да им јја подобриме иднината и сите да добијат надеж дека живот во Кочани е можен, и не само можен, туку и пожелен. Ова е просторија во која треба да се состануваат граѓаните на општина Кочани, невладините организации со една цел – заеднички да креираме стратегија која во иднина, со подадена рака едни кон други, ќе донесе подобар живот за сите во Кочани. Затоа и мотото „Сакам живот во Кочани“ не е смислено туку-така, туку тоа е еден мотив кој нѐ води напред и кој ќе нѐ води во следните години, сѐ додека не дојдеме во ситуација секој граѓани да посака да живее во општина Кочани. Мораме да ја запреме миграцијата која се најавува, не само во странство, туку и внатрешно, и Кочани да го направиме атрактивно место за живеење. Тоа е возможно само доколку секој од нас се придвижи во тој правец и во областа во која работи, како да се подобри себеси, така да ги мотивира и другите околу него да направат условите за животот да бидат подобри, истакна Зоран Тодоров од Центарот за солидарност „Сакам живот во Кочани“.

На отворањето на Центарот беше упатен јавен повик до сите граѓани, до невладините и други организации кои сакаат да помогнат да се вклучат во активностите, кои за почеток ќе бидат поврзани со трагичниот пожар, но подоцна ќе се развиваат и во други области.

-Секако дека приоритет ќе биде помошта за настраданите, директно погодените во несреќата, но тоа беше само вовед. Да кажам дека ние во општина Кочани имаме и граѓани, кои не се повредени, но сепак и за нив треба да криеме подобри услови за живот. Значи, целта нема да биде само за повредените од несреќата од 16. март,  туку ќе бидат општо сите граѓани на општина Кочани опфатени со некоја стратегија која во иднина ќе ја креираме, додаде Тодоров.

Во активностите на Центарот беше најавено дека ќе се вклучат и партнери од земјата, но и од странство, односно мултинационални компании. Практично со заеднички идеи и искуства треба да се изготви стратегија, со вклучување на Општината, но и на централната власт и со сите чинители на општествените дејности во државата.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: граѓански активизамцентар за солидарност

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Во ритамот на креативноста: Се одржа базарот на рачни изработки „Кочани твори“
Кочани

Во ритамот на креативноста: Се одржа базарот на рачни изработки „Кочани твори“

автор: Т. Ајтовски
1 март, 2026 18:02
0

Во организација на здружението „Синтезис“ од Кочани, пред кафе-барот „Какао либре“, денеска се одржа базарот на рачни изработки под насловот „Кочани твори“. Настанот беше несекојдневен и значаен чекор...

прочитај повеќе
Пораки за правда и одговорност за трагедијата во клубот „Пулс“ упатени на 38. „Марш за ангелите“ во Кочани
Кочани

Пораки за правда и одговорност за трагедијата во клубот „Пулс“ упатени на 38. „Марш за ангелите“ во Кочани

автор: Т. Ајтовски
28 февруари, 2026 16:54
0

Во Кочани денеска се одржа 38. „Марш за ангелите“, посветен на жртвите од трагедијата во клубот „Пулс“. Маршот започна од Паркот на револуцијата, по што учесниците поминаа низ...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 5, 2026 - чет
Кочани, MK
12°C
слаб дожд
слаб дожд
2 m/s, N
72%
767.32 mmHg
thu03/05 fri03/06 sat03/07 sun03/08 mon03/09
слаб дожд
13/8°C
чисто небо
14/6°C
чисто небо
13/7°C
одвоени облаци
13/6°C
слаб дожд
12/6°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?