Во Мултикултурниот центар во Кочани денеска беше отворен Младински центар, а проектот на УСАИД „Направи разлика“ беше домаќин на свеченото отворање.
Опремувањето на центарот беше овозможено со поддршка од УСАИД и Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип. На настанот се дискутираше со младите од Источниот регион за придобивките и потребата од нивно вклучување во развојот на локалните заедници.
Извршната директорка на Фондацијата, Невенка Лонгурова Ѓерова истакна дека со отворањето на овој простор младите лица од Кочани ќе имаат посебно место каде што ќе можат да дискутираат за своите проблеми.

-Денес го отвораме Младинскиот центар во Кочани. Тој е по инцијатива на младите од Кочани. Проектот го реалзираме со поддршка на Општина Кочани и поектот на УСАИД „Направи разлика“, а е имплементиран од Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип. Целата на Младинскиот центар е да можат младите лица од Кочани да се собираат на едно место, каде што ќе можат да ги дискутираат и решаваат своите проблеми. Во исто време Кочани има и Локален младински совет и истиот ќе може состаноците да ги одржува во оваа просторија, а истовремено да оддржува и контакт со други млади лица, за да може да ги следи нивните потреби и проблеми и да може да ги застапува пред Локалната самоуправа. Општина Кочани учествуваше во овој проект со финансиски средства во висина од 5. 260 долари, додека инвестицијата на проектот „Направи разлика“ е во висина од 4.030 долари, исткана Невенка Лонгурова Ѓерова, извршна директорка на Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип.

Градоначалникот Љупчо Папазов рече дека отворањето на канцеларијата има регионален карактер, а упати и благодарност до вклучените страни во проектот.
-Чест и задоволство е во моментот што Општина Кочани може да биде домаќин на отворањето на канцеларијата за малди, која има регионален карактер. Очекувам дека младите лица ќе се дружат овде и максимално ќе го користат просторот, истакна Љупчо Папазов градоначалник на Општина Кочани.
Проектот на УСАИД, „Направи разлика“ има за цел да ја подобри средината за развој предводен од заедницата. Со проектот се опфатени млади и сите заинтересирани граѓани кои сакаат активно да се вклучат во креирањето на подобра иднина за сите сегашни и идни генерации, со фокус кон создавање услови за ефективно учество во донесување и имплементирање на предлози, одлуки и решавање на најголеми предизвици и проблеми со кои се соочуваат младите лица.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.