И годинава на базенот ќе бидат поставени лежалки и чадори за сенка и маси и столови за уживање. И оваа година организиран „Kochani summer festivsl“ а се најавува и добра забава со познати диџеи. Картата за користење на базенот и годинава е непороменета и изнесува 70 денари, а оние кои често го користат базенот можат да си купат и карта за целиот летен период која што изнесува 700 денари.
Во текот на летниот период во дискотеката „Аква“ е планирана добра музика со познатите диџеи, а сопствениците почнаа да ја реализираат и најавената идеја за проширување на целиот објект со плажа и игралиште за голф и одбојка, така што започна подготовката и уредувањето на просторот на кој што треба да биде игралиштето за голф.
Сопствениците најавуваат забава и исполнети денови за граѓаните во текот на целиот летен период кога кочанци ќе имаат пријатно место за поминување и разладување во топлите денови.
Т. Велкова
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.