Библиотекарското здружение на Македонија беше организатор на Меѓународната конференција што денеска се одржа во Велес, а на која ОУ „Никола Карев“ од Кочани ја доби наградата Библиотека на годината во категоријата училишта во Македонија.
Од училиштето истакнуваат дека наградата е признание за досегашната успешна работа и вложувањето, доусовршувањето, творењето и соработката со многу општински, меѓународни институции и здруженија, за што придонес дава и училиштниот библиотекар Љупка Стојменова. Притоа упатуваат благодарност до сите наставници и ученици кои се вклучуваат во сите настани организирани во училишната библиотека.
На Меѓународната конференција присуствуваше и министерот за култура и туризам Зоран Љутков со што се потенцира значењето на наградата за училиштето од Кочани.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






