Присутните ги поздрави директорот на училиштето. Даниел Кралев кој им посака добредојде на сите гости.
-Задоволството е големо да си раководител на училиште во кое постои одлична клима и мотивираност за работа и учење, а постигнатите успеси се заеднички на сите вработени и ученици и родители кои како големо семејство даваат придонес во постигањето на резултатите, рече Даниел Кралев, директор на ОУ „Св. Кирил и Методиј“.
Како и секоја година, така и оваа беа доделени награди на најдобрите. За постигнати високи резултати во наставата и вон наставните активности, наградата пофалена во генерацијата отиде во рацете на Мартина Шахинова. Најдобра меѓу најдобрите со постигнати високи резултати во повеќе области на општински, регионални и државни натпревари, културни манифецсии и проекти активности беше погласена ученичката Марија Донева.
Пред бистата на светите просветители на денот кога се слави споменот на Светите Кирил и Методиј беше положено и свежо цвеќе.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=aQMMLwQP_0c
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.