Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Пад на капиталните расходи за околу 55% бележи Општина Кочани за само три години

автор: Т. Ајтовски
31 јануари, 2024 13:32
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Кочани во втората група општини во државата со доволна транспарентност на буџетскиот процес за 2022 година

Драстично опаѓање од околу 55 отсто бележат капиталните расходи што ги реализирала Општина Кочани во последните три години. Според извештајот за реализација на средствата од буџетската сметка само за последниот квартал од минатата година, забележливо е дека дури и планираните средства за оваа намена не се целосно реализирани, односно во просек за сите ставки се потрошени нешто повеќе од 65 отсто.

Најголем дел од средствата наменети за капитални инвестиции лани биле вложени за уредување на градежното земјиште и во енергетската ефикасност, каде реализацијата од околу 19 милиони денари била целосна. Инвестииците за изградба на јавно осветлување и изградба и реконструкција на локални патишта и улици е под 60 отсто.

Намалувањето на буџетските срдства за изградба и реконструкција на инфраструктурни објекти, набавка на опрема и други капитални инвестиции, директно се одразува врз растот и развојот на локалната заедница, како во однос на подобрување на условите за живеење на населението, така и во создавање услови за остварување приходи во иднина.

На последната седница на Советот на Општина Кочани имаше советничка забелешка за сериозното намалување на реализацијата на капиталните расходи од година во година, со констатација дека тоа го загрозува целокупниот развој на општината.

-Јас извадив споредба со претходните години во однос на капиталните расходи, во 2021 година ја имаме завршено со реализација од 180 милиони денари, во 2022 година паѓаме на 113 милиони, а лани завршивме со 82 милиона денари. Тоа е катастрофа. Тие капитални расходи се од битно значење за развојот на една општина, каде што се гледа нејзиниот развој. За жал, ние имаме тенденција на значително намалување на тие трошоци. Се надевам дека оваа година ќе имаме барем нешто поголеми инвестиции, за да се оправда градоначалникот пред граѓаните, истакна Ивица Лазаров, член на Советот на Општина Кочани.

Градоначалникот Папазов не беше присутен на седницата, а од општинската администрација не дадоа никакво образложение на што се должи падот на капиталните расходи, ниту анализа како тоа се одразува на развојот на општината.

Во буџетот за оваа година, што Советот на Општина Кочани го усвои на крајот на минатата, износот на капитални инвестиции е планиран на нивото од пред три години. Дали неговата реализација ќе го следи досегашниот тренд и со колку проценти ќе се исполни планираното, ќе биде познато на крајот од годината.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: капитални инвестициикапитални расходиопштина кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Нова димензија на планинарењето и активностите во природа: Официјално промовиран извидничкиот одред „Никола Карев“ – Кочани
Кочани

Нова димензија на планинарењето и активностите во природа: Официјално промовиран извидничкиот одред „Никола Карев“ – Кочани

автор: Администратор
10 март, 2026 16:27
0

Традицијата на планинарење и часови во природа во ООУ „Никола Карев“ – Кочани доби нова форма со официјалната промоција на Извидничкиот одред - „Никола Карев“. Иако одредот функционира...

прочитај повеќе
Прекината наставата во првата смена во училиштата во Кочани поради лажна дојава за поставена бомба
Кочани

Лажна дојава за бомба во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани

автор: Администратор
10 март, 2026 11:38
0

Утрово во основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани била примена дојава за поставена експлозивна направа, што предизвикало вознемиреност и итна евакуација на дел од учениците....

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 10, 2026 - вто
Кочани, MK
5°C
чисто небо
чисто небо
2 m/s, E
67%
771.07 mmHg
wed03/11 thu03/12 fri03/13 sat03/14 sun03/15
неколку облаци
14/4°C
чисто небо
16/7°C
облаци
15/8°C
чисто небо
14/7°C
чисто небо
15/7°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?