Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Памела Ивановска од СОУ „Љупчо Сантов“ е победник меѓу средношколците на 12. Ораторски вечери на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

автор: Т. Ајтовски
29 март, 2024 14:28
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Памела Ивановска од СОУ „Љупчо Сантов“ е победник меѓу средношколците на 12. Ораторски вечери на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Памела Ивановска од СОУ „Љупчо Сантов“ го освои првото место од жири комисијата во категоријата средношколци на 12. Ораторски вечери на Универзитетот „Гоце Делчев“, чиј организатор е Правниот факултет од Штип. Таа, заедно со соученичките Даниела Алчинова, Ексенија Јанева и Илина Донева, се најде во финалето во кое имаше вкупно седум средношколци.

Низ слоганот „Размислувај слободно, зборувај гласно“, тие во своите говори на слободна тема, со сигурен став зад говорницата, ги истакнаа нивните критички погледи кон проблемите и аномалиите во нашето опкружување.

Памела говореше за лична загуба на член од своето семејство, осудувајќи го системот и жестоко напаѓајќи ги неправилностите на Одделението за онкологија, што беше актуелен настан по медиумите. Потресна приказна која нејзе ѝ донесе мала сатисфакција и огромна победа за нејзината храброст.

Даниела јавно го обелодени „македонскиот политички театар“, вклучувајќи инвентивен потег во настапот со еден препознатлив реквизит. Ексенија низ сатира и умешна интонација го исмеа македонскиот менталитет. Илина критички се осврна на темата за менталното здравје.

-Настанот се одржа во полниот амфитеатар на Економскиот факултет во Штип. Ораторите се натпреваруваа во две категории: средношколци и студенти. Од вкупно седум средношколци кои влегоа во финалето, наши ученици, претставници на СОУ „Љупчо Сантов“, беа дури четворица, а да се потсетиме, истиот сооднос го имавме и на ланската финална вечер. Нашето училиште со посебна гордост ја истакнува и овогодинешната победа. Лани нашиот најдобар оратор Ивона Тодорова ја зема првата награда од публиката, а овој пат нашиот најдобар оратор Памела Ивановска е неприкосновен победник од жири-комисијата. Ваквиот успех низ спортска терминологија е познат како „дабл учинок“, истакнуваат од СОУ „Љупчо Сантов“.

Честитки до сите наши оратори! Негуваме и докажуваме таленти, подготвувајќи од нив гласноговорници кои се одважуваат да зборуваат на теми за кои јавноста и институциите честопати премолчуваат, додаваат од кочанското средно училиште.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: соу „љупчо сантов“

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Нови правила за субвенционирање – оризопроизводителите со помалку од 7 декари остануваат без државна помош
Кочани

Нови правила за субвенционирање – оризопроизводителите со помалку од 7 декари остануваат без државна помош

автор: Т. Ајтовски
16 февруари, 2026 16:05
0

Земјоделците кои одгледуваат ориз се соочуваат со построги критериуми за добивање финансиска поддршка од државата, а клучната промена што предизвикува загриженост кај малите земјоделски стопанства е зголемувањето на...

прочитај повеќе
Граѓаните едногласни против нови станбени згради на локацијата на Панаѓурот
Кочани

Граѓаните едногласни против нови станбени згради на локацијата на Панаѓурот

автор: Т. Ајтовски
13 февруари, 2026 12:42
0

Општина Кочани денеска ја одржа најавената јавна презентација по Деталниот урбанистички план за градска четврт 13 (Текешински Лозја и околината) од ГУП за град Кочани за планскиот период...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
фев 17, 2026 - вто
Кочани, MK
7°C
слаб дожд
слаб дожд
2 m/s, WNW
98%
744.06 mmHg
tue02/17 wed02/18 thu02/19 fri02/20 sat02/21
слаб дожд
7/4°C
слаб дожд
6/1°C
одвоени облаци
10/1°C
облачно
8/4°C
облачно
9/2°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?