Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Партијата „Демократи“ одржа протестен собир во Кочани против покачувањето на платите на функционерите

автор: Т. Ајтовски
2 јули, 2023 19:28
во Кочани, Политика
време на читање: 2 мин.
A A
Партијата „Демократи“ одржа протестен собир во Кочани против покачувањето на платите на функционерите

Партијата „Демократи“ вечерва во Кочани одржа протестен собир против одлуката на Уставниот суд за покачувањето на платите на функционерите во државата.

На платото во Трговскиот центар зборуваше партискиот претседател Јорго Огненовски, кој истакна дека е направено астрономско зголемување на примањата на сите функционери, на различно ниво на власт, додека народот живее со мали примања и во сиромаштија.

-Дојдовме во Кочани за да зборуваме за неправдите што постојат во Македонија веќе 32 години. Толкав период народот во оваа наша убава држава се уништува. Ни ја уништија економијата, завладеа огромен криминал, во судството, во здравството, во полицијата, а најголем криминал владее меѓу политичарите и функционерите, на кои им се зголеми платата во просек за 78 проценти. Тие не заслужуваат ни 2 проценти, не само што се неспособни да ја водат нашата држава, ни ги инфицираа институциите со криминал, благодарение на политичкиот криминал, кој го поддржува, поттикнува, го промовира економскиот криминал, митото и корупцијата во институциите, на државно и локално ниво, насекаде. Каде што има криминал, нема успех. Фирмите се крадат и уништуваат, поединци стануваат газди, кои екстремно станаа богати, поради 32-годишното пљачкање и законите што ги донесоа уште од 1991 година наваму, за криминално да се присвојат фабриките и се што му припаѓаше на народот по распаѓањето на поранешна Југославија, истакна Огненовски.

Според Огненовски, во државата има стотина супер богати луѓе благодарение на нечесното работење, покрај неколкуте чесни, кои имаат свои фирми и успеале да стекнат богатство со работа и труд. Притоа упати критика за одлуката на Уставниот суд за покачувањето на платите на функционерите.

-Сакам да го повикам Уставниот суд да си ја повлече срамната одлука што ја донесе на 23 март оваа година, да се зголемат платите на сите функционери, додека народот нема леб да јаде. Погледнете колку пари добија пензионерите, само 8,6 отсто покачување. Во Македонија има повеќе од 300 илјади пензионери, а 100 илјади земаат помалце од 11.000 денари. Тоа е невидена брука, затоа што никој не може со толку, па ни со 20.000 денари да живее, затоа што секој ден има поскапувања и не можеме да се прехраниме и да си купиме лекови. Ние умираме, додека политичките злосторнички криминални банди ја пљачкаат Македонија, додаде Огненовски.

Претседателот на „Демократи“ заклучи дека народот е многу пасивен, младите масовно заминуваат и потребно е да се преземе акција, наместо да се молчи, затоа што државата е сопственост на грѓаните, а не на политичарите. Притоа најави дека во наредниот период ќе се организираат и други слични собири на кои ќе стане збор за други актуелни теми во општеството.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: протестен собир„демократи“

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Во ритамот на креативноста: Се одржа базарот на рачни изработки „Кочани твори“
Кочани

Во ритамот на креативноста: Се одржа базарот на рачни изработки „Кочани твори“

автор: Т. Ајтовски
1 март, 2026 18:02
0

Во организација на здружението „Синтезис“ од Кочани, пред кафе-барот „Какао либре“, денеска се одржа базарот на рачни изработки под насловот „Кочани твори“. Настанот беше несекојдневен и значаен чекор...

прочитај повеќе
Пораки за правда и одговорност за трагедијата во клубот „Пулс“ упатени на 38. „Марш за ангелите“ во Кочани
Кочани

Пораки за правда и одговорност за трагедијата во клубот „Пулс“ упатени на 38. „Марш за ангелите“ во Кочани

автор: Т. Ајтовски
28 февруари, 2026 16:54
0

Во Кочани денеска се одржа 38. „Марш за ангелите“, посветен на жртвите од трагедијата во клубот „Пулс“. Маршот започна од Паркот на револуцијата, по што учесниците поминаа низ...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 9, 2026 - пон
Кочани, MK
10°C
облачно
облачно
3 m/s, SE
63%
771.82 mmHg
mon03/09 tue03/10 wed03/11 thu03/12 fri03/13
облачно
11/7°C
облаци
14/6°C
чисто небо
15/6°C
чисто небо
16/7°C
чисто небо
15/7°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?