„Патувачката изложба“ на Башким Меџити беше презентирана пред кочанската публика во Салонoт 2 при ЦК „Бели Мугри“. Проектот е подржан од Министерството за култура.
Претходно неговата изложба била претставена и во Струмица, а завршната промоција ќе биде во ЦК „Браќа Миладиновци“ во Струга.

-Тука се претставувам со 22 дела, претежно се претставувам со техниката акрил и имам апстракна динамична композиција. Тоа е слика која што ја барам, нормало се работи за сите тие елементи и принципи кои ние како уметници ги бараме. Моите следни активности се промоција на изложбата во Струга која ќе биде во август но имам и проект во Солун така што овие шест месци беа многу успешни, истакна Башким Меџити, авторот на изложбата.
Една од основните карактеристики на неговото сликарство е богатиот колорит и топлите бои во изложбите. Меџити е уметник кој е воден од чувствата кои поседуваат исклучителна дарба да ја почуствува природата и во неа да најде инспирација. Сликарството за него претставува неограничена можност да истражува и комуницира во сите димензии на ликовниот израз.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.