Во прекрасно осветлената сала граѓаните едноставно уживаа во изведбата на нивните дечиња и внуци, а на крајот задоволството се чувствуваше на лицата на сите ученици и родители, како и на наставниот кадар и одговорните во јазичниот центар бидејќи успешно заврши уште една учебна година.
– Помина уште една успешна учебна година како и секоја друга досега. Токму поради тоа одлучивме веќе традиционално по четврти пат да подготвиме уште еден завршен концерт заедно со нашите ученици. Овој пат одлучивме темата да биде „Пат околу светот за 80 минути“ со тоа што децата претставуваат 13 различни држави од светот. Сите играат, танцуваат на специфична музика што е карактеристична за секоја држава одделно а носи и традиционална облека. Инаку, на приредбата скеоја година учествуваат различни ученици, така што оваа година учествува учениците кои што го посетуваат курсот по танци, децата од дневиот центар за предучилишна возраст, како и учениците од дневниот центар од прво, второ, трето и четврто одделение. Исто така учествуваа и некои деца кои ги посетуваат курсевите по креативност, логички игри, читање и бон тон и англикси јазик, рече Тодорка Таковска од јазичниот центар „Амичи“.
Инаку, јазичниот центар „Амичи“ нуди активности за деца од 3-годишна возраст, па се до студенти и возрасни лица кои сакаат да усовршат одреден јазик. Програма за изучување на англиски, германски, шпански и француски јазик како и интензивни курсеви и индивидуални часови. Во склоп на јазичниот центра „Амичи“ има и забавно – едукативен центар „Амичи кидц“ во кој што освен читањето, анализирањето и глумењето на ликови приказните, се збогатува и вокабуларот на децата, но се учи и детски и училишен бонтон.
Во „Амичи“ има и интерактивна настава со современи и креативни методи и техничики на учење, професионален пристап кон клиентите, со цел да се поттикне процесот на стекнување знаења и способности за корситење на странски јазици. Во центарот се организираат и креативни работилници, а се вршат и преведувачки услуги.
Приредбата беше претставена во два дена заради големиот број родители и гости кои што сакаат да ги видат децата на сцената. „Амичи“ како јазичен центар за изучување на странски јазици со ваков ентузијазам и со уште поголем труд продолжува и во иднина.
Т. Велкова
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.