Перо Георгиевски е новиот в.д. директор на КЈП „Водовод“, кој доаѓа на местото на досегашниот директор Антонијо Паунов.
Во зградата на Општина Кочани, во присуство на градоначалникот Љупчо Папазов, беше извршено примопредавање на раководната позиција.

Папазов и Георгиевски по примопредавањето на раководната функција, беа на увид за санација на водоводен дефект на улица „Раде Кратовче”, каде што интервенираше Сектор за водовод и канализација.
Во наредните денови в.д. директорот Георгиевски ќе изврши планирање на приоритетни активности од редовното работење на претпријатието, кон кои ќе се пристапи со динамично спроведување.

Георгиевски е актуелен член во Советот на Општина Кочани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а исто така е и претседател на Управниот одбор на ГФК „Осогово“.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.