Младите фудбалери на „Фудбал старс“ од Кочани се на врвот на табелата по одиграните три кола во првенството на Регионалната југоисточна лига во конкуренција на петлиња, односно фудбалери од генерацијата 2010/2011.
Во трите досегашни натпревари тие забележаа победи и имаат максимални 9 бода, со постигнати 12, а примени само 4 гола, пред екипата на „Брегалница 2008“ од Штип која има два бода помалку.

На последниот натпревар што го одиграа на фудбалскиот терен во Горни Подлог, нашите момчиња ги совладаа своите врсници од екипата на „Тополка“ од Велес со убедливи 4:0. Стрелец на головите во 8, 13, 65 и 70 минута беше Филип Митев.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.