Младите фудбалери од генерацијата 2010/2011 на фудбалската школа „Фудбал старс“ продолжуваат со успешните резултати и остануваат лидери на табелата во првенството на Регионалната југоисточна лига.
Екипата која се натпреварува во конкуренција на петлиња и помлади петлиња, во последното коло беше домаќин на тимот на „Атлетико 2021“ од Чешиново и го совлада убедливо со 8:0. Со тоа прокнижи три нови бода и со вкупно 15 се наоѓа на врвот, пред „Рудар1947 “ од Пробиштип, кој заостанува со три бода, но и има и еден натпревар помалку.

Со добрата игра и успешните настапи, фудбалската школа „Фудбал старс“ потврдува дека е расадник за млади фудбалери на кои им претстои убава спортска иднина.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.