Илијев оценува дека е особено важно да се изврши правилен избор на директор на кочанската градинка, затоа што во наредниот период ќе се реализира изградба на нов објект, пилот-проект на градинка по европски стандарди.
По истекот на рокот за вршител на должноста директор во ОУ „Малина Попиванова“, Училишниот одбор за директор го избра Благој Петров. Одлуката на Одборот да биде избран единствениот пријавен кандидат на конкурсот ја прифати градоначалникот Николчо Илијев, по добиената согласност од Министерството за финансии и Министерството за образование. Петров ќе биде директор наредните четири години, со обврска да обнови дел од потребната документација, чија важност истекува до крајот на август.
{fshare}
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.