Девет членови од карате клубот „Кочани“ учествуваа на Меѓународниот карате турнир „Фунакоши опен“ во Скопје од каде се вратија со освоени медали – еден златен, како и по два сребрени и бронзени медала.
Наталија Карова во категоријата јуниори до 48 килограми го освои првото место. Лука Ѓоргиев во категоријата кадети до 57 кг. се најде на второто место во машка конкуренција, а Илина Костадинова исто така беше второпласирана во категоријата до 40 кг. во женска конкуренција.
Илија Охомуш кај јуниорите до 76 кг. го освои третото место, а неговиот клупски другар Лука Златков се избори за третото место во категоријата над 46 кг.
Меѓународниот карате турнир „Фунакоши опен“ го организираа Карате федерацијата на Македонија и клубот „Фунакоши Гичин” од Скопје.
На натпреварот што се одржа во населбата Кисела Вода учествуваа повеќе од 500 натпреварувачи од 45 клубови од десет држави.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.