Во акцијата учествувале десетина планинари, кои поради отежнатите услови за пешачење, како и ограниченоста на тежината што може да ја носи секој од нив, доставиле лекови и храна со подолга трајност. На апелот за собирање помош се јавиле поголем број фирми и поединци од Кочани, но и од Виница, Скопје и други градови во Македонија.
Во следната акција кочанските планинари ќе пешачат до маалата на селото Небојани кое е меѓу најоддалечените од градот.
Планинските села во Осоговијата се од разбиен тип, зафаќаат поголема територија и во зимски услови тешко се стигнува со возила.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=MCnsorv-P0A
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.