Според распоредот, викендов во Кочани ќе гостува екипата на “Петрески“ од Битола, па момчињата на тренерот Сашо Лазаров највуваат добра игра и искористување на шансата со нови два бода да ја зголемат предноста. Натпреварот ќе се игра в недела во салата на гимназијата “Љупчо Сантов“, со почеток од 13 часот.
Солидни шанси за врвот имаат и нивните постари клупски колеги кои се натпреваруваат во Третата лига. В сабота со почеток од 18 часот тие го пречекуваат лидерот на табелата “Спорт тим“ од Неготино, па евентуална победа ќе ги вброи меѓу најдобрите три екипи. Со оглед што најавува дека токму првопласираните три екипи ќе имаат влез во Втората кошаркарска лига, “Баскет Дино“ ја гледа шансата годинава да обезбеди пласман во повисок ранг на натпреварување.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=b0s2hxSQQaM
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.