Повик до сите верници и до граѓаните за донирање средства со кои ќе се доврши изградбата на православниот храм „Св. Преображение Христово” упатија Иницијативниот одбор од благочестиви христијани од овој храм, како и братството при храмот ,,Св. Георгиј” од Кочани.
Во повикот се нагласува дека донирањето е со единствена цел да се доврши и освети Соборниот храм ,,Св. Преображение Христово” што се наоѓа во стопанскиот двор на Водостопанство „Брегалница“, спроти детската градинка во близина на фабриката „Руен“.

„Благочестиви христијани, драги браќа и сестри во Христа!
Овој велелепен храм е започнат во далечната 2006 год., за во 2021 год. да биде доизграден. Моменталната состојба на храмот е: внатрешно затворен, подготвен за фрескопишување со порачани фрески, подот ќе биде наместен во следниот период, а иконостасот е направен.

Сето ова досега е постигнато со помош на наш благочестив донатор. Потребни се средства за: довршување на фасадата на храмот, средување на дворното место, камбанарија со место за палење свеќи – свеќарник, продавница за свеќи и крстилница.
Дел од постоечките згради, со нивно реновирање, ќе бидат пренаменети за оваа потреба.

Сите оние кои сакаат да донираат средства во пари можат да уплатат на сметка на храмот ,,Св. Преображение” или лично при свештенството во храмот ,,Св. Георгиј” – Кочани.
Денарска сметка – 3 000 5 0000 202 812 – Комерцијална Банка АД, назив ВОСКРЕСЕНИЕ 2017 Кочани.
ДЕВИЗНА СМЕТКА, назив ВОСКРЕСЕНИЕ 2017 Кочани.
IBAN: MK07300701004287658
SWIFT: KOBSMK2XK0B

Исто така може да се донира и со материјали, со претходна соработка и со консултација со свештенството, а помош може и со работна рака од мајстори.
Во оваа иницијатива за довршување на храмот се вклучени организации и добри благочестиви христијани во соработка со свештенството при храмот ,,Св. Георгиј” – Кочани.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.