Општина Кочани во соработка со Асоцијацијата на новинари – Кочани и годинава ја организира манифестацијата Избор на спортист за 2024 година.
На манифестацијата ќе се изберат: најдобар спортист за 2024 година; најдобар млад надежен спортист ; најдобра спортска екипа; најдобар спортски тренер; најдобар спортски работник.
Право на учество во изборот имаат сите спортисти, екипи и спортски работници од клубови со дејност спорт, регистрирани во општина Кочани, а секој кандидат требa да поднесе копија од клупската легитимација.
При пријавувањето e потребно да се достават податоци за постигнатите резултати и копии од добиените признанија за освоени места (од турнир, државни и меѓународни натпревари).
Пријавите треба да содржат и податоци од лице за контакт со телефонски број. Рокот за пријавување е до 20 јануари 2025 година, а документите се доставуваат до Одделението за јавни дејности преку Едношалтерската канцеларија во Општина Кочани.
Телефони за контакт: 033 274 001 / 072 275 610
Општина Кочани, Одделение за јавни дејности
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.