Невниманието на учесниците во сообраќајот повторно беше причина за сообраќајна несреќа. На улицата „Маршал Тито“, во близина на плоштадот во Кочани, патничко возило повреди жена.
Несреќата се случила во моментот кога возачот излегувал од паркинг просторот, а жената ја преминувала улицата на непрописно место. Од ударот таа се здобила со телесни повреди, по што интервенираше и Итната медицинска помош која ја префрли повредената во кочанската болница за понатамошен лекарски третман.
Увид на местото направи и екипа од Оделението за внатрешни работи – Кочани.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.