Еднаш поставен блокатор за непрописно паркирање не може со врски или со познаници или со јавување на директорот на КЈП „Водовод“ на телефон да биде тргнат од возилото без да се плати 700 денари. Затоа Симеонов апелираше да не го бараат тоа граѓаните оти е залудно.
-Исто така, сакам да апелирам да не фаќаат врски граѓаните со генералниот директор на КЈП „Водовод“ или со мене за да им биде тргнат поставениот блокатор а да не платат 700 денари. Значи такво нешто не постои. Ако веќе е поставен блокатор тогаш мора и да се плати, додава Симеонов.
Инаку, цената на паркирање на патничко моторно возило изнесува десет денари, за паркирање на товарно моторно возило 50 денари и за обележано за таа намена ако се постави приколка се плаќа 30 денари. Симеонов апелираше и за оние кои се паркираат на местото обележано за инвалиди. Секој што ќе се паркира на инвалидно место а не е инвалид на тоа возило му се поставува блокатор. Инвалидите пак кога ќе се паркираат на тие места задолжително да си го означат возилото дека се лица сопственици на возило за инвалидитет и да стават налепница на возилото дека се членови на Здружението на инвалидни лица.
Инаку, додаде Симеонов екипата пред да постави блокатор најпрво проверува дека возачот нема ниту платено, ниту месечна ниту годишна налепница за паркирање, па дури тогаш се поставува блокатор. Инаку, освен со плаќање на рака на луѓето кои се задолжени за тоа, ако го нема вработениот граѓаните може да си платат и со пуштање порака.
Т. Велкова
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.