Освен со ориз, годинава од хидросистемот “Брегалница“ се планира наводнување и на повеќе од 2 илјади хектари со луцерка, главно во Светиниколско, како и 1.100 хектари со фуражна пченка во Зрновско и Штипско. Останатите површини се лозови и овошни насади, градини и ниви со тутун, бостан и други земјоделски култури.
За да може планот да се реализира во целост на целото подрачје што го покрива Водостопанската подружница, ќе бидат потребни над 106 милиони метри кубни вода. Според дотокот од Брегалница, што во моментот е околу 30 метри кубни вода во секунда, како и од другите реки во регионот се очекува до започнување на сезоната за наводнување да се акумулираат планираните количини.
Според годишниот план водата во каналите треба да се пушти во почетокот на април, по што ќе започне и сеидбата на оризот.
Информацијата за изготвениот план за наводнување ќе ја разгледува и Советот на Општина Кочани на седницата што е закажана за в четврток.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=bHHZSnMm6yY
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.