Денеска пожари беснееа кај селата Соколарци и Теранци, а беше зафатена сува трева, нискостеблеста шума и отпадоци. Особено критично беше кај Соколарци, каде огнената стихија од правец на Жиганци се приближи до првите куќи во селото, како и до стопански објект.
На терен интервенираа ТППЕ, ДПД – Кочани, како и вработени од Комуналното претпријатие „Илинден“ од Општина Чешиново-Облешево.
Пожарот кај Соколарци беше изгаснат околу 16 часот, а интервенцијата ја отежнуваа ветерот, но и високите температури.
Од ТППЕ и ДПД уште еднаш упатија апел до сите граѓани да се однесуваат одговорно при движењето на отворен простор и во шума, а ако некој забележи пожар, да пријави на телефонските броевите 193 и 112.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.